ОМД повикува на мудрост и одговорност, ги осудува насилствата и говорот на омраза

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) преку соопштение најостро реагира на, како што вели, полициската бруталност врз демонстрантите, како и нападот врз службите за јавен ред и мир на протестот пред Собранието на Република Македонија, со биланс од 24 повредени граѓани, 7 повредени полицајци и 25 приведени лица, меѓу кои има настрадани уметници, интелектуалци, средовечни и малолетни лица. 

„Протестот е демократско право на поединецот како начин да се изрази незадоволство и несогласување кон актуелни политики или одлуки, но протестот во никој случај не смее да прерасне во насилие и говор на омраза, било од страна на демонстрантите или силите од редовите на службите за јавен ред и мир. Според тоа, ОМД повикува на лична одговорност од сите оние кои со злоупотреба на своето демократско право со насилство, со злоупотреба на својата службена должност со примена на агресивни и несразмерни безбедносни мерки, како и со недоволно основана наредба за употреба на шок бомби, солзавец и гумени куршуми врз граѓаните, доведоа до ескалација на протестот на 17 јуни, непосредно по потпишувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција за промена на македонското име”, пишува во соопштението. 

Од ОМД додаваат дека, со цел подгревање на страстите против склучениот договор или градење на симпатии во интерес на истиот, во отсуство на независно новинарство и професионално известување за што најодговорни се владите на двете држави, народот е предмет на медиумска манипулација, поради што ги повикува креаторите на договорот на јавна дебата. Тоа, според ОМД, требаше да се случи многу порано, преку јавна дебата и вклученост на независни академици, толкувачи на уставното право и законските одредби, членови на МАНУ и Уставниот Суд, како и со вклученост на народот преку отворена линија за граѓански прашања, би се ставило крај на манипулативните интерпретации без разлика на мотивите. 

„Единствено преку јавна дебата и сеопфатна инклузивност на општествено витални и влијателни фактори, би се создал национален консензус по прашањето за иднината на земјата. Отсуството на национален консензус е изворот на незадоволството кај народот во чие име, без негова декларирана согласност се одлучува за уставноста и континуитетот на Македонија”, смета ОМД. 

Оттаму го повикуваат народот на мудрост и одговорност преку придржување кон одредбите за мирен протест, како загарантирано граѓанско и демократско право на поединецот. 

 

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе