ОМД: По средбата на државниот врв никој не кажа дека идентитетот и јазикот не се предмет на разговорите со Грција

Во отсуство на декларативно изјаснување на претседателот Иванов, премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, за тоа дека не се разговара за идентитетот и јазикот на нацијата, туку само за разрешување на билатералниот спор што Грција го има со Република Македонија, Обединетата македонска дијаспора смета дека целосно неодговорна е реториката употребена во изјавите на сите учесници.

По повод средбата на државниот врв и опозицијата во Република Македонија што се одржа на 27 Јануари ОМД соопштува дека учесниците потфрлија пред јавноста и во ваков важен момент за државата не го афирмираа и потврдија ставот дека идентитетот и јазикот на народот не се предмет на тековните разговори со Грција и дека всушност се разговара единствено во рамките на Привремената спогодба на ОН – односно изнаоѓање решение за билатералниот спор како ќе ја ословува Грција, македонската држава во меѓусебните односи.

Со тоа ОМД смета дека средбата создаде сомнеж за непочитување на Уставот на Република Македонија.

„Разговорите со Грција треба да се прекинат и да почне процедура за заведување на Република Македонија во Обединетите Нации под уставното име“, соопшти ОМД.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе