ОМД му препорача на МНР: Фејсбук и твитер профили за секоја дипломатска мисија

Во извештајот на Остин Долер, стажант на Обединетата македонска дијаспора, се споредува присуството на македонското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи во споредба со десетина други европски земји. Препораките главно се сведуваат за поголемоприсуство на МНР во дигиталната сфера и на македонски и на англиски јазик.

„Состојбата на македонската дипломатија во споредба со остатокот од Западниот Балкан, Грција, Естонија и земјите од Вишеградската четворка“ е насловот на извештајот на Долер споведен од октомври до декември годинава. Долер го истражуваше моменталниот статус на дипломатското присуство на Министерството за надворешни работи (МНР) на Република Македонија во дигиталната сфера. Целта на овој извештај е да утврди колку МНР е ефективно при пренесувањето на својата порака пред поширока публика и во колкава мера истото може да се подобри.

Во извештајот се заклучува дека МНР треба да одржува фејсбук и твитер профили за секоја своја дипломатска мисија низ светот и за секој вработен во овие мисии. Друг заклучок во извештајот беше дека МНР треба да одржува високо ниво на активност на своите профили на социјалните медиуми, што би вклучувало секојдневно објавување, и тоа по неколкупати на ден. Дополнително, извештајот забележува дека треба да се поедностави веб-страницата на МНР. Моментално постојат неколку делови од англиската верзија на веб-страницата кои се уште не се преведени од македонски на англиски. Ваквата ситуација треба да биде подобрена во најскор можен рок, препорачива стажантот на ОМД. 

Албанците сакаат да се поврзат со Илирите, Бугарите со Траките, а според нашите политичари и гласните негатори само ние немаме такво право, а за тоа има најмногу доказателства во македонскиот јазик, но и во фолклорот, носиите, архитектурата, музиката...

повеќе

Мухамед Али Џина ѝ приговараше на соседната земја зошто се нарекува себеси Индија, а не Хиндустан.

повеќе

Откочувањето на политичките кризи со помош на форматот на лидерските средби не е најдобриот начин, но засега е најуспешниот за излез од повремената политичка кратковидост.

повеќе