ОМД ја поздрави мирната транзиција на власта

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздрави мирната транзиција на власта во Македонија и и посака на новата влада многу успех во извршувањето на нивните должности.

„Следејќи ја 13-годишната практика, ОМД ќе продолжи да соработува и да работи со секоја влада на власт со цел афирмација на Македонија како уникатен портал во Југоисточна Европа и регионален лидер по својата стабилна социо-економска политика. ОМД е сигурна дека стекнувањето на овој епитет е возможно и ќе се достигне само со напорна работа и реформи преку одговорно владеење на новата македонска влада со исклучително владеење на правото и силна слободна пазарна економија“, се вели во соопштението од ОМД.

Оттаму најавуваат дека ќе работат активно новата влада да го почитува суверенитетот, унитарниот карактер и територијалниот интегритет на македонската држава и веруваат дека улогата на опозицијата е подеднакво инструментална во одржување на владините институции, одговорни и транспарентни за јавноста.

„ОМД ќе продолжи да го застапува својот цврст став и поддршка на Македонија и нејзиното полноправно членство во НАТО и во ЕУ, без промена на името, идентитетот, јазикот и културата на Македонија. ОМД го потенцира и повторува својот долгогодишен став за повлекување на македонската Влада од преговорите предводени од ОН за нашето уставно име кои се целосно спротивни на правото за сопствен идентитет и самоопределување“, се додава во соопштението од ОМД.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе