ОМД: И синовите на Битов добија македонски пасоши

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) информира дека деновиве генералниот конзул на Република Македонија во Торонто, Јовица Палашевски, подели македонски пасоши на синовите на познатиот покоен бизнисмен, влијателен лобист за македонската кауза, како и долгогодишен бенефактор на ОМД, Џон Битов.

Следејќи го примерот на својот покоен татко и браќата Битов добија македонско државјанство. Покојниот Џон Битов би бил горд на своите синови Том, Ник, Џон Џуниор, и Јордан што го следат неговиот пат, предводени од ентузијазмот за Македонија кои го наследиле од својот татко за да ја продолжат неговата работа за Македонија и гордоста кон своето македонско потекло да ја пренесуваат на идните генерации, соопшти ОМД.

Јордан Битов е почесен Конзул за Република Македонија во Торонто, а Џон Битов Џуниор служи на Одборот на директори на организацијата „Македонија 2025“ и е активно вклучен во унапредување на економијата во Македонија.

ОМД го следи порастот на интересот за стекнување на македонско државјанство помеѓу дијаспората од втора, трета генерација Македонци и стои на располагање на сите заинтересирани за самиот процес.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе