ОМД го осудува чинот на палењето на национални симболи и фотографии на политичари

Обединетата македонска дијаспора и движењето „#НиеСмеМакедонија" се оградуваат од одговорноста на чинители кои своеволно отстапија од демократските вредности и етика со палењето на национални симболи и слики од политички субјекти за време на протестите организирани на 3 и 4 март во повеќе светски метрополи.

ОМД, како една од организациите на непартиското глобално движење “#НиеСмеМакедонија” кое на 3ти и 4ти Март обедини повеќе од 100 илјади Македонци, како во дијаспората така и во матичната земја Македонија, го осудува чинот на палење на национални симболи и слики од политички субјекти, без разлика на мотивите и намерите на чинителите.

ОМД, како и другите организации предводници на движењето „#НиеСмеМакедонија”, повеќекратно повикаа на мирен и демократски протест со цел зачувување на уставното име, јазик и идентитет. ОМД повикува на одговорност за лицата кои стојат зад срамниот чин, и воедно најстрого го осудува самоволието со кое го загрозија јавниот ред, мир и демократско уредување.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе