Реакција

ОМД: Фирма на Нимиц инвестирала во Грција, дали овие бизнис интереси влијаат на него како медијатор?

Фирмата „Џенерал Атлантик“ (General Atlantic), во која Метју Нимиц ја извршуваше функцијата главен оперативен директор, во 2005 година инвестирала 127 милиони долари во данската банка „Саксо бенк“ (Saxo Bank), која има своја банка-подружница во Грција (Saxo Bank Hellas). Ова е класичен пример на судир на интереси за улогата што Нимиц ја има како медијатор во спорот меѓу Македонија и Грција, и ја доведува во прашање неговата независност и непристрасност, смета Обединетата македонска дијаспора.

„Крајно недозволиво е медијатор да има финансиски и бизнис интереси во една од државите кои се дел од спорот, и притоа да тврди дека е непристрасен. Минатата недела и самиот Нимиц призна дека неговата фирма инвестирала во „Саксо бенк“, но вели дека „не знаел дека банката има подружница во Грција". Јавно го прашуваме господинот Нимиц дали овој судир на интереси е пријавен во Етичката канцеларија на ОН, дали тој остварил личен профит од оваа зделка и дали смета дека бизнис интересите влијаат на неговата работа како медијатор“, реагира ОМД.

 

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе