Реакција

ОМД бара оставка од Владата и импичмент за Џафери

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) најостро го осудува неуставното и собраниското отстапување од Деловникот при донесувањето на Законот за употреба на јазиците, и притоа повикува на поништување на истото. ОМД ги повикува политичките субјекти кои се произнесоа против законот да поднесат собраниска иницијатива за импичмент на и така незаконски избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

ОМД соопшти дека од вчера, 14 март 2018 година, ги прекинува сите комуникации со сегашната влада на Република Македонија и пратениците кои гласаа за Законот за употреба на јазиците, и јавно се оградува од каква било каква идна соработка со оваа владина структура која ги загрозува националните интереси и унитарноста на државата.

„Пратениците на СДСМ, слепо водени од партиските интереси, вчера заборавија дека се избрани да го бранат демократското уредување и Уставот на Република Македонија. Заборавија дека Парламентот е гранка од системот што служи за демократска дебата и каде се спречуваат, а не креираат противуставни закони. Заборавија дека се Македонци. Денеска овие пратеници свесно згазија врз идеалите на Илинден и АСНОМ и сите жртви положени за независна Република Македонија“.

ОМД бара итна оставка на премиерот и владата на Република Македонија, како и распишување на предвремени парламентарни избори.

„Ја поздравуваме правовремената реакција на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, да не го потпишува овој закон, и го повикуваме да ги искористи сите средства во одбрана на македонските национални интереси. Го повикуваме македонскиот народ во државата да го искористи своето демократско право на мирен протест како начин за искажување на незадоволство кон политиките на владата и парламентот на Република Македонија“, се вели во соопштението на ОМД.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе