Од Тетово во Детроит

Македонец добил награда за најдобра автобиографска книга во Париз (ВИДЕО)

„Солзи за мојот град: Автобиографија на белото момче од Детроит“ е насловот на книгата на Дејан Димитриески, доселеник во Америка од Тетово. Неговата книга ја доби наградата за најдобра автобиографска книга на фестивалот на книгата во Париз за 2013 година.

Деан Димитриески со неговите дваа сина

Ова е книга за неверојатната борба на едно бело момче што успеало да избега од речиси неизбежната вовлеченост во црното подземје на Детроит, на дрогата и насилството, пишува во една рецензија за оваа книга.

„Солзи за мојот град“ е автобиографска книга за белото момче што во седумдесеттите години од Тетово се доселило во еден од најнебезбедните квартови во Детроит, во дел од градот каде што 90 отсто од жителите биле Афроамериканци, кварт каде што владеел криминалот, дрогата, гангстерите... Димитриески во својата книга главно ги раскажува тие доживувања, доживувањата на момчето што не го знаело јазикот, кое секојдневно гледало што се случува на улицата, кое секојдневно учествувало во тепачки со безбол-палки, а понекогаш дури и во оружени престрелки. Куќата до нив всушност била складиште за дрога. Во тоа време во Детроит имало повеќе пиштоли од жители. Но неговото семејство сепак успеало тоа да го преживее иако биле меѓу малкуте семејства што тогаш решиле да живеат во такво соседство. Во тоа време стапката на криминалот во Детроит беше највисока во САД. Во еден дел од книгата Димитриески ја споредува безбедноста во Детроит со безбедноста во Тетово за време на конфликтот во 2001 година.

„Иако војната таму траеше околу девет месеци, моите родители беа среќни поради тоа што не го доживеавме тоа искуство. Она што не го гледаа е дека на војната на улиците на Детроит не ѝ се гледаше крајот“, напиша во книгата Димитриески.

„Многумина од тоа време не успеале да се извлечат од тоа. Не беше лесно да се биде белец со источноевропски акцент во тоа време во Детроит. Уште првиот ден во Детроит бев удрен со безбол-палка во соседството. Бев удрен и со тули. Но брзо се спријателив со тие момци. Некои од нив беа дилери на дрога и гангстери, кои го направија моето воспитување небезбедно. Всушност, мојот ментор беше озлогласен дилер на дрога, кој ме чуваше далеку од таа наркотична игра. Некои од моите пријатели постојано носеа оружје, што правеше да се чувствувам сигурно“, раскажува Димитриески дел од своето детство за американските медиуми.

Десетина години подоцна Димитриевски ја пишуваа оваа автобиографска книга опишувајќи го искуството како црнечките банди го прифатиле белото момче од соседството со чуден источно-европски акцент. Никогаш не тргнав по тој пат токму поради строгото воспитување што го добив од татко ми.

Денес тој е бизнисмен, живее во Мичиген, женет е и има два сина.

А.Д.

 

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе