Писмо од Торонто

Обединети Македонци: Нема да прифатиме промена на името

Асоцијацијата на неколку македонски здруженија од Канада, Обединети Македонци, во отвореното писмо од Владата и Собранието на Република Македонија велат дека нема да прифатат промена на име и идентитет, бугаризација на историјата и федерализација на Македонија преку воведување неприродна двојазичност на цела територија.

Обединети Македонци од Владата и Собранието бара итен прекин на бесмислените и погубни разговори за името со Република Грција, поништување на асиметричниот договор со Република Бугарија, укинување на законот за двојазичност на цела територија, спроведување попис и ослободување на патриотите кои го бранеа уставниот поредок на Република Македонија.

„Македонија има свое име, а тоа е Република Македонија. Македонците имаат своја историја. Македонија мора да остане суверена и унитарна држава во која единствен официјален јазик на целата територија е македонскиот јазик“, пишува во писмото.

Македонија не е само наслов. Таа е стратегиски партнер во еден регион во кој на САД им се потребни пријатели. Таа копнее за членство во НАТО, а нејзините млади луѓе ја прифаќаат американската култура - музиката, бургер кингот и англискиот јазик - како своја, вели Рејчел Г. Коен за Бостон глоуб.

повеќе

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе