СООПШТЕНИЕ НА ММДЧП

Нимиц: Неофицијално, ако бев Македонец, немаше да преговарам за моето име

Според соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто, специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц им го изјавил следново: „Неофицијално - ако бев Македонец, немаше да преговарам за моето име“.

И првиот медијатор за спорот за името, Робин О'Нил, повеќепати нагласи дека е против преговорите за името и ја замолил Македонија да ги прекине преговорите.

„Иако Нимиц напомена дека неговите коментари се неофицијални, ММДЧП го праша зошто и јавно не ги искаже своите чувства, да поднесе оставка и да се откаже од преговорите за името кои всушност претставуваат, како што рече Робин О'Нил, напад врз најосновните права на Македонија.

Го гледаме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, за да се смири угнетувачот Грција, па затоа одлучивме, во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објавиме неговите чувства.

Исто така, кога претседателот на ММДЧП, Бил Николов, го праша Нимиц, какви се неговите очекувања доколку Македонија се повлече од преговорите за името, тој одговори: 'Ништо. Не верувам дека би имало какви било последици'. Потполно идентичен одговор добивме и од претставниците на американскиот Стејт департмент кога Николов го постави истото прашање. И згора на тоа, од Стејт департментот рекоа дека според нив решение за спорот за името нема и дека прекинот на преговорите би била логична одлука.

ММДЧП уште еднаш го повторува своето барање до сите политички партии и политичари од Македонија да ги осудат преговорите за името и веднаш да ги прекинат. Болно одекнаа неодамнешните изјави на премиерот Заев во Бугарија кои значат дека тој е подготвен да го продаде вековното име, етничкото потекло и идентитетот на Македонија, само за да ги задоволи Европската Унија, НАТО и САД. ВМРО, вие имавте шанса да го прекинете таканаречениот „спор за името“ додека бевте на власт, но одлучивте да не го направите тоа. Откажете се од преговорите за името веднаш. Премиеру Заев, не можете да преговарате за нешто што не е ваше. Дејствувајте барем еднаш во интерес на Македонија и напуштете ги преговорите“, се вели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права.

 facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе