За помалку од 24 часа

На „паспорт индекс“ веќе нема пасош на „Северна Македонија“

Реакциите на Македонците од целиот свет упатени до светската интернет страница за рангирање на пасошите, го врати уставното име на пасошот на Република Македонија. Вчера МКД.мк прв објави дека на сајтот passportindex.org македонскиот пасош е рангиран како пасош на Северна Македонија.

Очигледно е дека реакциите на Македонците од целиот свет ја примораа редакцијата на овој глобален сајт да го врати уставното име на македонскиот пасош затоа што договорот со Грција за промена на името сѐ уште не е стапен во сила.

На оваа интернет страница се рангираат пасошите од целиот свет според тоа во колку држави со поединечен пасош може да се патува  без виза.

Според рангирањето на „паспорт индекс“ со македонскиот пасош без виза може да се патува во 117 земји - без виза во 76 земји, во 41 земја виза се добива при пристигнувањето, а за 81 држава потребна е виза.

 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе