ММДЧП: Tреба да престанат антимакедонските преговори за името

За сите Македонци кои живеат во Република Македонија: моето семејство беше приморано да учи грчки. Сега вие сте приморани да учите албански и да изјавувате дека сте „всушност Бугари“. Тие се бореа против потчинетоста за да го зачуваат нашиот македонски идентитет. Ќе го сторите ли вие истото. Нашето име е Македонија. Бранете го и барајте да се почитува“, вели  Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права.

ММДЧП веќе подолго време апелира да се прекинат разговорите за името во ОН.

„Што би било кога украинската влада би одлучила дека Украинците и украинската историја всушност се руски, кога би се согласила да го смени името, да го прогласи рускиот за еднаков и билингвален партнер во Украина за сметка на нејзиниот украински карактер и територијален интегритет, кога би побарале Украинската православна црква да биде потчинета на Руската православна црква, и кога Украина би се соединила со нејзините потчинители во затворање на сопствените луѓе само затоа што застанале во одбрана на нивните етнички и национални права? Одговорот на западниот свет, како што веќе сме виделе, би бил силна вознемиреност и брза одбрана на Украина, без разлика на што се согласила нејзината корумпирана и кукавичка влада.

Но зошто се случува спротивното во Македонија? Затоа што од нејзината независност во 1991, Македонија прифати да преговара за нешто за што не може да се преговара - вистината за нашето име и постоење. Сега сме во позиција во која сѐ што е македонско се распродава на нашите потчинители. Антимакедонските преговори за името треба да престанат антимакедонските преговори за името. Предупредувавме за последиците, и, ете, тие се веќе присутни.

Но, има едноставно решение за антимакедонското прашање за името и за скорешните распродажби на нашите човекови права, име и идентитет - да престанат преговорите за името и одлучно да се бранат нашите најосновни човекови права - нашето право на постоење, по што и светот ќе застане во наша одбрана наместо да им помага на нашите потчинители...

Ако Македонија сака да се приклучи кон НАТО и ЕУ, решението е да се бара поддршка за нашите основни човекови права и да се бара промена на смешното правило за вето од една земја (како што предлагаа министри за надворешни работи на Канада и поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш), или да се бара од сегашните земји членки да извршат притисок врз Грција таа да престане да го користи ова правило...

Бранете ја Македонија. Нашето име е Македонија. Веднаш треба да се прекинат преговорите за името. На овој начин ќе заврши клучното прашање кое ги попречува сите аспекти од животот во Македонија“, севели во соопштението на Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто.

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе

Посебно на Балканот не може да се зборува за чисто етничко-конфесионални, етничко културни или строго етнички омеѓени заедници.

повеќе