ММДЧП: Привремената влада на Македонија да спречи формирање на коалиција СДСМ/ДУИ

Привремената влада на Македонија да спречи доделување мандат за формирање на влада на коалицијата СДСМ/ДУИ, да спречи преземање на Собранието во нивни раце и веднаш да одреди датум за нови избори, слободни и без надворешни влијанија, побара Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).

„На коалицијата која што има поддршка од Западот не смее да ѝ се дозволи да владее врз основа на антиуставна и антимакедонска платформа. Нелегалното именување на претседател на собранието не смее да биде прифатено бидејќи е спротивно на сите парламентарни правила, вклучувајќи го и недоволниот број гласови и сето тоа одлуката ја прави неуставна. Не смее да се дозволи денационализацијата на Македонија која што претставува закана за промена на името, идентитетот, знамето, химната и грбот, сѐ во име на барањата на тиранската платформа која што беше изработена во Албанија, под патронат на албанскиот премиер. САД и ЕУ бесрамно се мешаат во внатрешните работи на Македонија. На странски влади не смее да им се дозволи да владеат во друга држава“, стои во барањето од ММДЧП.
Од Движењето додаваат дека им забележуваат на двете најголеми политички партии што му „дозволувале на Западот да ја диктира внатрешната политика, но му забележува и на Западот што сака да ја контролира Македонија заради свои интереси“. 

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе