Реакција

ММДЧП ќе поднесе тужби против Заев, Димитров, Ципрас, Коѕијас и други за учество во промена на иметоа

Македонското меѓународно движење за човекови права денеска најави дека ќе поднесе тужби против Зоран Заев, Никола Димитров, владата на Република Македо;нија, Алексис Ципрас, Никос Коѕијас, владата на Република Грција и други поединци непосредно вклучени во преговорите за името. Оваа организација на македонската дијаспора соопштува дека ќе бара отштета и итен крај на анти-македонските преговори за името под покровителство на ОН.

Според ММДЧП тужбата ќе се однесува на „безсрамното прекршување на сите повелби за човекови права на ОН и другите меѓународни организации; на незаконското наметнување нови услови за членство на Македонија од страна на ОН со што се прекршува членот 4 од Повелбата на ОН и ги прекршува членовите 2 и 15 од Сеопфатната повелба за човекови права; преговорите и предложеното менување на името на Македонија, идентитетот, јазикот, историјата и етничкото потекло, ги имаат вратено назад за десетлетија успесите во човековите права на Македонците и ги засенува сите стандарди за човекови права кои обвинетите се обврзани да ги поткрепуваат; негативното емотивно влијание што Македонците го преживуваат, морајќи да гледаат како за нивниот етнички идентитет се преговара од страна на именуваните страни - кои се обврзани да ги почитуваат основните стандарди за човекови права - е неизмерно; гледајќи ги застрашувачките, расно наелектризирани протести во Грција, барајќи искоренување на Македонија и нашата македонска етничкост, доведе многу Македонци да се плашат јавно да го објавуваат својот македонски идентитет...“, соопшти Македонското меѓународно движење за човекови права од Торонто.
 

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе