ММДЧП ја осудува Резолуцијата на Европскиот парламент во која што се вели дека Македонците се „Бугари"

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ја осуди и побара итно повлекување на Резолуцијата на Европскиот парламент со која се бара да се почитуваат правата на „бугарското население” во албанските региони, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонци.

„Дали Европскиот парламент е неинформиран, или е анти-македонски? Ова се двете единствени можни опции. При бесрамно прикажување на чиста лудост, Европскиот парламент усвои резолуција со која што од Албанија бараат да ги заштити правата на своето „бугарско“ малцинство и тоа во региони во кои што живее македонско население. Па уште и препорачува, правата на лицата со бугарска националност во областите Преспа, Голо Брдо и Гора законски да се регулираат и спроведат во пракса.

Европскиот парламент, со оваа ‘бескрајна мудрост’, само ѝ помага на Бугарија во нејзината мисија да го искорени постоењето на македонското малцинство и на сѐ што е македонско. Истовремено, Европската Унија продолжува со својата политика да ѝ  помага на Грција, играјќи заедно со неа во вештачки создадениот спор за името и обраќајќи ѝ се на Македонија (по налог на Грција) со „поранешна југословенска Република Македонија“, стои во реакцијата од ММДЧП.
организацијата додава дека нема дилема оти населението во овие области е македонско и тоа е факт прифатен од сите, вклучувајќи ги и бројните извештаи за човекови права од страна на истите тие европски институции, Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолеранција, Обединетите нации, американскиот Стејт Департмент, како и меѓународните организации за човекови права.

ММДЧП ги повикува европратениците кои што гласаа за оваа, како што што ја нарекува, апсурдна резолуција, да одат и да ги посетат Мала Преспа и Голо Брдо, да ги видат таму македонските развиорени знамиња и да поразговараат со локалното население кое што веќе ја осуди оваа резолуција.

 

Македонија не е само наслов. Таа е стратегиски партнер во еден регион во кој на САД им се потребни пријатели. Таа копнее за членство во НАТО, а нејзините млади луѓе ја прифаќаат американската култура - музиката, бургер кингот и англискиот јазик - како своја, вели Рејчел Г. Коен за Бостон глоуб.

повеќе

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе