РЕАКЦИЈА

ММДЧП го повика Трамп да даде поддршка за Македонија и побара оставка од Рорабакер

Државата на која што Македонците припаѓаат, г-дине Рорабакер, е Македонија – вековна нација која заслужила да биде држава. А вие ‘го пробивте дното’ покажувајќи тотално незнаење. И згора на сѐ, покажувате тенденција да ја продолжите политиката на претходните американски власти кои го поддржуваа албанскиот иредентизам, реагира Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Торонто на изјавата на конгресменот Дејна Рорабакер.

Дејна Рорабакер

„Првата поделба на Македонија како да не беше доволна, па американскиот конгресмен Дејна Рорабакер одлучи да бара понатамошна поделба, изјавувајќи дека „Албанците во Македонија треба да бидат дел од Косово, а другиот дел на Македонија треба да стане дел од Бугарија или која било друга земја за која што тие тврдат дека се поврзани“. Извинување во овој случај не е доволно“.

ММДЧП бара негова оставка и јавна осуда.

„Една од клучните пораки во претседателската кампања на Трамп беше дека ќе стави крај на американскиот интервенционизам. Конгресменот Кристофер Смит направи еден позитивен чекор, иницирајќи истрага од страна на Конгресот за Амбсадата на САД и нејзиното мешање во внатрешните работи на Република Македонија, обидувајќи се да ја собори демократски избраната македонска влада. Ваквото мешање предизвика голема криза и политички безредија во државата... Г-дине Рохрабакер, вашето бесрамно непочитување на американските вредности, како и комплетното непознавање на основните принципи на надворешната политика, на историјата и на граѓанските и човекови права, тотално ве дисквалификуваат за вршење на каква било јавна функција“, соопшти ММДЧП и побара од претседателот на САД  да  го исполни предизборното ветување за крај на секакво мешање во внатрешните работи на Македонија.

„Суспендирајте ги преговорите за името кои што се спонзорирани од Обединетите Нации и од САД, со кои што се бара менување на историското име на Република Македонија, кое што секако подоцна би предизвикало хаос во целиот регион. Објавете дека името на Македонија е, и секогаш било, Македонија. САД ја признаа Македонија во 2004-тата. А оваа 2017-та година е година кога САД мораат да дадат безрезервна поддршка за најосновните човекови права – веднаш да се стави крај на преговорите за името“, пишува во реакцвијата на ММДЧП.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе