Торонто

ММДЧП бара итен прекин на преговорите за името, „нашето име е Македонија“

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) соопштува дека почнува нова кампања под мотото „Нашето име е Македонија" за што билбордите како дел од таа кампања се поставени во 14 градови во Македонија. Ова движење го повторува својот став за „итен прекин на расистичките и антимакедонски преговори за името".

„И покрај тоа што Стејт Департментот и Зоран Заев забранија слобода во медиумите и слобода на изразување, ние во целост очекуваме и бараме од медиумите да го покриваат овој круцијален развој во одбраната на една земја и правото на еден народ да постои.

Од сите медиуми на кои добиле закани ги повикуваме да нѐ контактираат, со цел да можеме понатаму да ги изложуваме антидемократските и антимакедонски активности на сегашниот режим при нашите редовни средби на највисоко ниво со ‘западните’ влади.

Билбордите ги содржат следниве пораки: „Не дозволувајте да бидете измамени со термините меѓународна, билатерална и уставна", „Ако името на Македонија се смени за каква било  употреба, тоа ќе се смени секаде и засекогаш“, „Дали сакате да бидете познати како „Новомакедонци", „Северомакедонци", „Скопјани", „Вардарци", или едноставно МАКЕДОНЦИ?“

Она што ММДЧП постојано го предупредуваше, сега е и јавно објавено, дека македонското име, идентитетот, јазикот и историјата се предмет на преговори, со цел да се задоволат нашите угнетувачи.

Во целост очекуваме и бараме жестока одбрана на нашите најосновни човекови права, самоидентификација и самоопределување, како и одбрана на нашето право да бидеме она што отсекогаш сме биле - Македонци. Барајте крај на преговорите за името СЕГА“, се вели во соопштението на ММДЧП од Торонто.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе