ВО ПУСТЕЦ

Министерот Панарити им гарантира на Македонците вклучување во институциите на Албанија

Коалицијата помеѓу Македонска алијанса за европска интеграција и Социјалистичкото движење за интеграција во Пустец ги претстави кандидатите за пратеници за округот на Корча. 

Пред присутните се обрати и Едмонд Панарити, актуелен министер за земјоделие и носител на листа на социјалистичкото движење за интеграција за округот на Корча.

„За мене е посебна чест и привилегија што сум тука кај оваа фантастична заедница, во ова прекрасна благословена земја од Бога и јас сум многу среќен, бидејќи ние сме ковачи на историски договор, навистина е еден историски чекор, што една албанска партија и една македонска партија создаваат една цврста алијанса во целосна хармонија, визија и програмски цели. Ова е извонреден чекор за целиот регион, со извонредна вредност и ќе се спомнува, ќе се спомнува уште долго време. Затоа сум многу горд што сме тука во овој сојуз со заеднички цели за да создадеме хармонија полна со акција и мисла за најдоброто за целата македонска заедница во Албанија која ќе служи како вектор за успешна и плодна соработка меѓу двете земји, македонската држава и на албанската држава. Каде постои подобар пример од овој сојуз? Затоа, јас сум многу среќен што ние сме тука да отвориме пат за една соработка која ќе биде долгорочна, одржлива и ќе обезбеди повеќе резултати.

Јас ви гарантирам дека македонската заедница ќе биде застапена во целата пирамида на албанската држава. Почнувајќи од кабинетот на претседателот на Републиката. Илир Мета кажа дека дел во кабинетот на претседателот ќе има претставници од вашата заедница, како и кај премиерот, министерствата,  централната власт, локалната власт. И ние на ова гледаме како инвестиција во интерес и на албанскиот народ, а не само на македонскиот. Затоа што ова му служи на духот на соработката и развојот, да гледаме напред”, изјави Панарити.

Васил Стерјовски, кандидат за пратеник од Македонска алијанса за европска интеграција на листата на Социјалистичкото движење за интеграција изјави дека во албанското собрание ќе ја застапува програмата на Македонска алијанса за европска интеграција. „Нашата програма е за европска интеграција на Албанија, правна држава, програма за развој на демократијата, програма пред се за заштита на Македонците во Албанија. Во идниот албански парламент ќе барам носење на посебен закон на малцинствата со кој ќе се гарантира признавање на Македонците на целата територија на Република Албанија, образование на мајчин македонски јазик, загарантирани места во албанските институции но и посебен буџет за економски развој на областите каде што живеат Македонците во Албанија, за областа на Мала Преспа, Гора, Голо Брдо и Врбник во Деволската област бидејќи овие области се едни од најнеразвиените во Албанија“, рече Стерјовски.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе