МД „Илинден“: Во селата со Македонци во Албанија воопшто не се инвестира

Во последните 25 години малку или речиси воопшто не е инвестирано во селата во Албанија, населени со македонско население. Патната инфраструктура е во лоша состојба, и несфатливо е во 21. век да нема асфалтиран пат, што е главната причина за слабиот економски развој на селата, нема водовод, канализација и што е најтрагично нема ни здравствени амбуланти, кои нормално функционираа во периодот на комунизмот, пишува во соопштение Македонското друштво “Илинден” од Тирана. 

Друштвото, како што се вели во соопштението, изразува голема загриженост за положбата на Македонците во Ербеле, Долно и Горно Крчишта, област Поле, општина Маќелара, околија Пешкопеја.

„Дополнителен проблем за македонското малцинство е фактот што децата не може да го изучуваат мајчиниот јазик во училиште, иако со меѓународните конвенции за човекови права тоа нешто е решено. Токму поради немање основни услови за живот и егзистенција, македонското население е принудено, иако со тешко срце да ги напушта родните огништа на нивните татковци, дедовци и прадедовци“, се додава во соопштението.

Од Друштвото „Илинден“ отворено ја повикуваат Владата и локалните власти на општина Маќелара и околијата Пешкопеја итно да преземат соодветни мерки за подобрувањо на состојбата.

„Досегашното однесување кон овие села и тамошното население значи кршење на основните човекови права загарантирани со меѓународните конвенции“, стои во соопштенето на МД „Илинден“, потпшано од претседателот Никола Ѓурѓај.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе