Од Тирана

МД „Илинден“: Македонците да се евидентираат во Избирачкиот список, но да го бојкотираат референдумот

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо преку соопштение ги повикува Македонците во Република Албанија и ширум светот да се евидентираат во Избирачкиот список, но да го бојкотираат претстојниот референдум распишан на 30 септември 2018 година.

„Изразуваме загриженост од претстојниот референдум во Република Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Со индигнација ја отфрламе Спогодбата склучена на 17 јуни 2018 година во Нивици, затоа што со неа Владата на Република Македонија се откажува од грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните држави и во светот”, пишува во соопштението.

Во него, исто така се наведува дека Македонците во Република Албанија отфрлаат промена на името на државата Македонија и името на македонскиот народ и тоа го сметаат за геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото.

Македонците во Република Албанија, како што се додава, и натаму ќе се борат за своите човекови права и слободи пред домашните власти и меѓународните организации, како неотуѓиво и неприкосновено право на самоопределување и самоидентификација, пренесува МИА.

„Укажуваме дека промената на името на државата ќе влијае врз идентитетот на Македонците во соседните држави на Република Македонија и целиот свет. Поради тоа ги повикуваме Македонците во Република Албанија и во светот кои имаат македонско државјанство да се евидентираат во Избирачкиот список, но да го бојкотираат претстојниот референдум што ќе се одржи на 30 септември 2018 година”, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо,Или Халилај.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе