ТИРАНА

МД „Илинден“: Бугарија со продавање пасоши вештачки создава Бугари во Албанија

Категорично ги отфрламе тврдењата на бугарските претставници во Eвропскиот парламент дека во Албанија има Бугари. Тоа е груб фалисфикат на историјата и вистината, реагира македонското друштво „Илинден" со седиште во Тирана, во име на сите Македонци во Албанија.

Пустец, Албанија

„Илинден“ го осуди барањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во ЕП за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија.

„Во регионите Голо Брдо, Преспа и Гора, како и на цела територија на Република Албанија ниту имало, ниту има Бугари, така било, така и ќе остане“, пишува во реакцијата на „Илинден“. Друштвото ги осудува активностите на бугарската држава, во обидите за фалсификат на историјата.

„Бугарија продавајќи бугарски пасоши на Македонците во Албанија, кои се приндени на тоа поради екстремната сиромаштија и безизлезната ситуација во која се наоѓаат, се обидува вештачки да создава Бугари во Албанија, а свесни се дека ги нема. Бараме од албанската и од македонската влада, да го осудат овој чин на бугарските претставници во ЕП и да побараат Македонците од Албанија да не бидат злоупотребувани за стопирање на патот на Албанија кон интеграциските процеси кон ЕУ“, соопшти „Илинден“.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе