ВО АВСТРАЛИЈА

Маж избоден и убиен во македонски ресторан во Мелбурн

Еден маж бил избоден со нож и убиен во тепачка што избувнала во македонски ресторан во Мелбурн, Австралија. 

Убиството се случило во раните утрински часови кога група непоканети гости околу 2 часот после полноќ се обиделе да влезат на приватна забава во ресторанот „Корзо грил хаус“, откако сопственикот на ресторанот се обидел да им ја затвори вратата, пишува весникот „Ејџ“.

Полицијата соопшти дека групата, откако мажот кој имал 30-тина години бил избоден неколку пати, побегнала од местото на настанот. Засега нема информации дали припадниците на групата дошле вооружени, но се верува дека убиецот зел нож од ресторанот.

Вработени во ресторанот изјавиле пред полицијата дека убиениот маж бил почитуван, лојален гостин кој има станал речиси како семејство.

Според весникот, македонскиот ресторан на својата интернет страница имал објавено  дека работното време е до полноќ, но на видеата што биле објавени на социјалните мрежи се гледало дека неколку десетици луѓе во ресторанот се забавувале со традиционална народна музика.

 

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе