Торонто

Maкедонско друштво од Канада ангажира адвокати против оние што сакаат да го сменат името

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ги изнајми услугите на меѓународната правна фирма Доути стрит чемберс (Doughty Street Chambers) да ги истражи сите можни правни дејства против оние кои се обидуваат да го променат името на Македонија.

Оваа адвокатска фирма од Лондон, заедно со Фридман Боид Холандер Голдберг Урајас и Уард ПА (Freedman Boyd Hollander Goldberg Urias & Ward PA), со седиште во САД ќе советуваат за можни тужби против поединци и држави кои се вклучени во промената на името на Македонија.

ММДЧП долго време се залагаше за завршување на антимакедонските преговори за името, истакнувајќи дека промената на името на Македонија претставува кршење на основните човекови права и ќе ја уништи македонската етничка припадност.

Ненси Холандер (Фрименд Бојд Холандер Голдберг Уријас и Уард) рече: „Името на една земја е многу повеќе од само нејзиното име. Тоа е од основно значење за идентитетот на нејзиниот народ. Затоа, ги истражуваме сите можни правни можности во судовите на САД кои ММДЧП може да ги користи за да спречи каква било промена на името на Македонија".

Татјана Етуел (Даути Стрит Чемберс) рече: „Името на Македонија е од централно значење за идентитетот на македонскиот народ. Тековниот спор меѓу Грција и Македонија за името на Република Македонија не е само технички спор, туку има далекусежни последици за македонскиот народ во однос на нивниот етнички и национален идентитет и признавањето на македонскиот јазик. Ги испитуваме правните можности во рамките на ОН и европските рамки за човекови права кои му се достапни на ММДЧП во нивната кампања за ставање крај на преговорите за името“.

Бил Николов, претседател на ММДЧП, рече: „Македонците нема да дозволат актуелните политичари да го променат нашето древно име, идентитет и етничка припадност. Очекуваме и бараме меѓународната заедница да ни помогне во одбрана на нашите најосновни човекови права и веднаш да стави крај на антимакедонските преговори за името. Промена на името на една цела етничка група за да ги смири своите угнетувачи ја нарушува секоја конвенција за човекови права што Западот тврди дека им се при срце“.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе