СЕЛО НЕРЕД, ИЛИ ПОЛИПОТАМО

Македонскиот топоним во Грција е сменет во герила-акција на млади Македонци, а не од грчките власти

Голема победа! Во Грција се враќаат македонските топоними. Вака вчера јавија повеќе македонски медиуми. Но дали е навистина така? Напротив.

Вчера повеќе македонски медиуми објавија информација дека грчките власти почнуваат да ја менуваат политиката во однос на македонските имиња на селата и градовите во Грција и ги враќаат македонските топоними. Се објави и фотографија со двојазична табла за македонското село Неред: на грчки Полипотамо и на кирилица Неред.

Досега, навистина изгледа како голема победа, ако е тоа резултат на некаква победа на локалните власти, на некаква петиција на граѓаните, на промена на политиката на централната власт... Но, за жал, не е така. Објавениот патоказ за Неред е резултат на некаква герила-акција на младите Македонци во Грција.

Веќе неколку пати македонските активисти во Грција преку вакви акции се обидуваат да покренат некаква акција меѓу жителите на македонските села, меѓу локалните власти за отворање на ова прашање за непочитување на топонимите од страна на државата Грција. За жал, одѕивот е поразувачки.

Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ ова прашање и официјално го покрена пред грчките власти. Но нивниот одговор е - молк.

За ова прашање, според грчките закони, одговорни се локалните власти. Но очигледно е дека локалното население не врши некој посериозен притисок за отворање на ова прашање по општините во Северна Грција.

A.Д.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе