За протестите в недела

Македонската заедница во Австралија бара отстранување на навредливиот грчки билборд во Мелбурн

Од Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи македонските здруженија бараат отстранување на навредливиот билборд поставен во Мелбурн на кој се повикува на закажаните демонстрации на 25 февруари и на кој пишува „Македонија е грчка".

Македонската заедница во Австралија и официјално се обрати до Австралиската комисија за конкуренција и протрошувачи во кое одговорните државни лица се потсетуваат на обврските според Законот за конкуренција и потрошувачи.

„Рекламите не треба да се лажни, погрешни и навредливи. Според овој закон потрошувачите исто така можат да преземат правни дејства против рекламите кои го кршат овој закон.

Рекламата што е поставена на улицата Свон, во квартот Ричмонд, предизвикува голема загриженост на Македонците и на македонската заедница која живее во Мелбурн, за кои се инсинуира дека се Грци.

Не само што оваа реклама е погрешна, лажна, таа е и и навредлива и може да поттикне етнички тензии на денот за кога е закажан протестот.

Бараме итно отстранување на овој оглас и формално извинување до македонската заедница“, бара во официјалното писмо до агенцијата Македонска заедница во Австралија.

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе