ПРЕД ПОСЕТАТА НА САД

Македонската дијаспора од Детроит го вика Заев на гости

Премиерот Зоран Заев, пред неговата посета на Соединатите Американски Држави од 17 до 23 септември доби покана да ги посети македонските иселеници во најголемата македонска зедница во САД, во Детроит.

„Вашето присуство меѓу нас македонските иселеници, кои веќе со децинии живееме во сојузната држава Мичиген, ќе ни претставува вистинско задоволство. Исто така, ќе ни биде посебно задоволство да ги споделиме со Вас нашите успеси и нашите секојдневни духовни и материјални вложувања за опстанокот и напредокот на нашата македонска заедница во Мичиген. Ние сме сигурни дека и Вие ќе бидете воодушевени од нашиот голем и велепен македонски духовен храм Раѓање на Пресвета Богородица“, се вели во поканата.

Македонците од Детроит истовремено го потсетуваат премиерот дека македонската заедница од Мичиген и македонската дијаспора од САД, досега не дала какво било овластување и мандат на која било друга организација во Вашингтон да ги претставува и брани македонските интереси пред американската влада или пак да разговара со претставници од Репубилка Македонија во наше име. 

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе