Корча

„Македонците во Албанија не се Бугари, а Бугари во Албанија се единствено вработените во бугарската амбасада во Тирана“

Партијата Македонска алијанса за европската интеграција (МАЕИ) како единствена македонска партија што ги застапува интересите на македонскиот народ во Албанија, го поздрави усвојувањето на предлог-законот за заштита на националните малцинства во Република Албанија од страна на законодавната комисија, но е длабоко огорчена и протестира поради вклучување и на бугарското малцинство во законот, по заканите на Бугарија дека ќе стави вето за членство на Албанија во Европската Унија.

„Признавањето на непостоечко бугарското малцинство во областите Преспа, Голо Брдо и Гора кои се населени со  Македонци го сметаме за сериозно кршење на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи, геноцид врз македонскиот народ и злосторство против човештвото“, стои во реакцијата на МАЕИ, што во Корча за медумите ја изнесе генералниот секретар Васил Стерјовски.

Во Албанија, според историските факти и пописите на населението низ годините, стои во реакцијата, немало бугарско малцинство, такво малцинство постои само во главите на бугарските власти во Софија.

„Македонците во Албанија не се Бугари, а Бугари во Албанија се единствено вработените во бугарската амбасада во Тирана“, се нагласува во реакцијата.

МАЕИ од името на Македонците ги повикува пратениците на Собранието на Албанија да не го прифатат понижувањето кое се прави од страна на Бугарија, да покажат зрелост и кога ќе се гласа законот „да го отфрлат бугарското барање за вештачко постоење на бугарското малцинство во Албанија“.

„Неприфаќањето на невистината за постоење бугарско малцинство е во интерес не само на македонското малцинство, кое отсекогаш било лојално и мирољубиво, но е и национален интерес на самата Албанија да не прифати имагинарно бугарско малцинство, затоа што утре последиците ќе бидат многу сериозни за Албанија, која ќе биде уценувана од страна на Бугарија на која часовникот и е останат во 19 век и го спроведува проектот за Голема Бугарија, каде што во овој проект се вклучуваат и територии на Република Албанија“, се наведува во реакцијата. 

Според претставниците на МАЕИ иако албанските власти со законот признаваа само осум малцинтва Македонци, Грци, Срби, Власи, Црногорци, Роми, Египќани и Бошњаци, под пртисок на Бугарија, а во желбата да ги почне преговорите за членство во ЕУ попушти и на седница членовите на законодавната комисија се согласија во законот да биде внесено и  бугарското малцинство. 

Неодамна шефот на дипломатијата Дитмир Бушати го отфрли барањето за признавање бугарско малцинство во неговата земја, велејќи дека поседувањето пасош на друга држава не значи и етнички идентитет. 

„Многу Албанци имаат италијански пасоши. Тоа не значи дека Италија треба да бара свое национално малцинство во Албанија“,  рече Бушати. 

МИА

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе