Друштво „Илинден“

Maкедонците од Албанија бараат Тирана да ја признае Македонија под уставното име

Македонското друштво „Илинден" со седиште во Тирана, во име на Македонците во Албанија побара од официјална Тирана да ја признае Република Македонија под уставното име.

Од име на сите Македонци што живеат во Албанија, барање за признавање на нашата матична земја под уставното име доставивме до претседателот на државата Илир Мета, до премиерот Еди Рама, до претседателот на парламентот Грамоз Ручи, како и до лидерите на најголемите опозициски партии, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Во писменото барање до претседателот Мета, а истото е содржано и во барањето до другите релевантни структури, стои дека Република Албанија, како соседна и пријателска земја, треба да ја признае Републка Македонја под нејзиното уставо име, а не со референцата ПЈРМ.
„Признавањето на Република Македонија со нејзиното уставно име позитивно ќе влијае во унапредување на и така добрите билатерални односи. Меѓу двете земји се остварени низа средби на различно ниво, што претставува солидна база за проширување  и зајакнување на соработката во повеќе области, меѓу двете земји, регионот и пошироко, за  прашања од заеднички интерес“, стои во барањето.

Во барањето потсетуваме, додава Ѓурѓај, дека Република Макдонија под уставното име ја имаат признато 133 држави, вклучувајќи ги и трите земји членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија и Кина.
Албанија е меѓу првите земји кои ја призна Република Македонија, но под референцата ПЈРМ. Неколку години потоа, во билатералното обраќање почна го користи името Република Македонија.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе