КАНАДА

Македонците од градоначалникот на Торонто бараат да го осуди расизмот на советникот Каргијанис

Џон Тори, градоначалникот на Торонто има морална обврска да го осуди расизмот, вели Бил Николов од Македонското меѓународно движење за човекови права.

Николов бара од градоначалникот Тори да побара оставка од советникот Џим Каргијанис. Во напис објавен во Хил тајмс, Николов го потсетува градоначалникот Тори на неговата предизборна кампања и ветувањата за моралната обврска да се стави крај на омразата. „Но, што се случува кога поранешен пратеник и актуелен градски советник искажува бројни јавни и навредливи изјави против еден етникум, бранејќи ја во разни канадски медиуми употребата на говор на омраза и кој на видео-снимка од едно негово предавање го возвишува бомбардирањето на цивили на истата етничка група. Одговорот е – ништо. Либералната партија не презема ништо и покрај постојаните поплаки на таа етничка група. И други етнички групи во заедницата го бараа истото, но реакција немаше. Кога Каргијанис стана градски советник, од вас во повеќе наврати беше побарано да преземете нешто, но вие одлучивте да го игнорирате тој проблем.

 Етничката група на која ова се однесува се Македонците. Дали причина за отсуство на акција е тоа што канадските Македонци се помалку познати? Кажете ни г-дине Тори дека тоа не е точно. И преземете нешто. Држете се до вашата девиза за морална обврска“, му порача Николов на градоначалникот на Торонто.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе