ОМД

Колоски на Фокс њуз ѝ одговори на Хилари Клинтон за обвинувањата дека македонски хакери се виновни за нејзиниот пораз

Македонија беше тема на една од најпопуларните водечки политички емисии во САД, Вечер со Такр Карлсон на ТВ Фокс њуз. Повод за оваа емисија беше неодемнашната изјава на демократскиот претседателски кандидат на последните избори во САД, Хилари Клинтон, посочувајќи дека некои веб-страници од Македонија се исто така виновни за нејзиниот изборен пораз.

За ова гостин во емисијата беше Мето Колоски, претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) од Вашингтон.

Во интервјуто, Колоски го потеницираше значењето на Македонија како голем стратешки партнер на САД со потсетување на позитивниот одговор на Македонија на американското барање за помош во Босна, Косово, Ирак, и Авганистан. Колоски рече дека е апсурдно обвинувањето дека некои веб-страници направени во Македонија одиграле значајна улога во минатогодишните избори за претседател на САД.

„За време на администрацијата на Обама Македонија беше запоставена. Хилари Клинтон како државен секретар иако посети многу од балканските земји, Македонија никогаш не беше на нејзината агенда за посета. Македонија нема официјална посета од американски државен секретар од 2003 година, од американски претседател од 1999 година и од Секретар за одбрана од далечната 2007 година“, рече Колоски.

На крајот, Такр Карлсон, во име на извинување за овие пропусти, ја пушти македонската химна.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе