Вашингтон

Коѕиас го блокирал Мето Колоски на Твитер

Министерот за надворешни работи Никос Коѕиас го блокираше претседателот на Обединетата македонска дијаспора Методија А. Колоски на Твитер, соопшти ОМД.

Методија Колоски

Колоски вели дека немало никаков очигледен повод, немало никаква провокација или каква било постапка од негова страна која би предизвикала ваква реакција.

„Ваквата постапка на Коѕиас е само еден од многутте примери за тактиката со која Грција пристапува во својот однос кон Македонија. Наместо да покаже волја за отворен и конструктивен дијалог во обид да се најде решение за небулозниот спор околу името, грчката влада се обидува да ја замолчи другата страна бидејќи знае дека историјата, фактите и здравата логика се против неа.

Грција не го признава постоењето на посебен македонски етникум, јазик или народ во Грција. На грчки државјани кои се идентификуваат како Македонци, грчката влада им ги ускратува основните човекови слободи на говор, вероисповед, печат и здружување.

И покрај ваквата тактика на грчката влада, ОМД одбива да биде замолчена и ќе продолжи со помош на своите поддржувачи да ја застапува глобалната македонска заедница и нашата татковина со нејзиното уставно име Македонија, како и со нејзините човекови права и вредности кои важат за сите нејзини државјани.

ОМД се стреми кон соработка со пошироката меѓународна заедница со цел унапредување на универзални идеали како мирот, слободата, правото на самоопределување, еднаквоста и правдата“, соопшти ОМД.

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе