Иницијатива за зачувување на споменот на холокаустот во Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Фондот на холокаустот во Македонија почнаа стратешко партнерство и иницијатива за зачувување на споменот на холокаустот.

„Иницијативата настојува да го зачува споменот на холокаустот во Македонија и да ја промовира традицијата и културата на македонската и еврејска заедница. Иницијативата се очекува да ја зајакне борбата против антисемитизмот, расизмот и дискриминацијата преку промоција на демократските вредности, човековите права и толеранцијата меѓу сите Македонци“, информира ОМД.

Во соопштението се наведува дека се отвара фонд за постојаниот изложбен и Меморијален центар на холокаустот во Скопје во период од есента 2018 година во знак на одбележување на 75-годишнина од депортацијата на скоро 98 отсто од еврејската заедница од Македонија во логорот во Треблинка. 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе