РЕАКЦИЈА

„Хрватско-македонска тангента“ очекува Иванов да му го даде мандатот на Заев

Очекуваме од претседателот Иванов во најкраток рок да постапи соодветно со своите уставни ингеренции и да му го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, соопшти невладината граѓанска организација „Хрватско-македонска тангента“ со седиште во Хрватска по денешниот состанок на управниот одбор.

Сашо Гееоргиевски, претседател на Хравтско-македонска тангента

„Длабоко сме загрижени со новонастанатата ситуација по одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да му го даде мандатот на Зоран Заев за состав на нова реформска влада. Демократските процеси не можат и не смеат да бидат спречени. Тие се легални и легитимни. Цивилизиран и демократски трансфер на власта, поткрепен и материјализиран со 67 мандати освоени на последните избори се единствен и вистински императив, кој мора да биде испочитуван и мирно пренесен  во институциите на системот во Република Македонија. Впрочем, тоа безрезервно од Македонија го очекуваат и евроатланските институции.

Во тој контекст, хрватската јавност е запознаена дека европарламентарецот Тонино Пицула, известител од сенка за Македонија во Европскиот парламент, на неодамнешната средба со министерот Никола Попоски во Брисел посебно нагласи дека постапката на македонскиот претседател Иванов да спречи да го даде мандатот за составување на влада на Зоран Заев предизвика мошне ригидни и остри реакции во институциите на ЕУ“, се вели восоопштението на „Хрватско-македонска тангента“.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе