Солун

Грчката дијаспора во акција, зборот Македонија да не биде содржано во новото име

Искажаниот оптимизам за можно решение на проблемот со името од страна на македонските и грчките политичари, ја предизвика грчката дијаспора и грчките патриотски здруженија и организации кои се против каков било компромис што ќе го содржи зборот Македонија во новото име.

Овие организации почнаа да организираат демонстрации во Грција и надвор од неа, се организираат собираање на потписи, резолуции во кои се бара организирање на референдум за неприфаќање на какво било име со терминот Македонија. Веќе е почната и кампања под мотото - „Македонија значи Грција“.

„Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“, заедно со грчките здруженија и организации од дијаспората се главните организатори на активностите, а како медиумски покровители се појавуваат околу 60 медиуми од северниот дел на земјата, јавува дописникот на МИА од Грција.

Веќе имаат изработено сајт, видео спот, резолуции испратени до претседателот, премиерот и Парламентот на Грција, но и најава за првиот собир. За вчера беше закажан првиот протест во грчкиот град Скидра (Вртикоп), додека, пак, за еден месец најавуваат голем собир во Солун.

За кампањата и активностите на грчките организации, освен 60-те медиумски покровители, кои во најголем број се локални портали и радија од северниот дел на Грција, јавија и грчките телевизии Стар и Скај.

Аналитичарот Тасос Хаѕивасилиу за телевизијата Скај вели дека овие активности не можат да ја имаат силата како пред 20 години.

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе

Посебно на Балканот не може да се зборува за чисто етничко-конфесионални, етничко културни или строго етнички омеѓени заедници.

повеќе