Пак спор

Грчката дијаспора ја копира кампањата на македонската дијаспора

На кампањата на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада, која ова здружение веќе подолго време ја води за одбрана на уставното име наа Македонија, грчката дијаспора одговори со класичен плагијат. Истиот дизајн, други бои, наместо лик машко дете, се користи лик на едно девојче. Пораките на кампањата на македонското здружение се „Нашето име е Македонија“, „Не дозволувајте да бидете измамени со термините меѓународна, билатерална и уставна", „Ако името на Македонија се смени за каква било употреба, тоа ќе се смени секаде и засекогаш“, „Дали сакате да бидете познати како „Новомакедонци", „Северомакедонци", „Скопјани", „Вардарци", или едноставно МАКЕДОНЦИ?“ Кај грчката дијаспора пораката е една - „Кој ви дава права да го користите моето име?“ Уште една тема за нов спор за авторство!  

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе