Албанија

Гораните од Албанија учат бугарски песни и јазик

Во селото Шиштавец, општина Кукс во Албанија неодамна се одржа културна манифестација под наслов „Денот на промоција на културата на Гора“ на која деца облечени во боите на бугарското знаме играа пред бугарската амбасадорка во Албанија и градоначалникот на општината.

Бугарската држава во последниов период е многу активна меѓу Македонците и Гораните во Албанија со доделување на бугарски пасоши и организирање на вакви и други манифестации на кои се истакнува бугарското потекло на овие граѓани на Албанија.

Албанската телевизија Топ канал емитуваше и прилог за настанот во Шиштавец.

На средбата на бугарската амбасадорка во Албанија, Адела Пашкова со градоначалникот на Кукс Башким Шеху беше кажано дека причина за одличните билатерални односи меѓу Бугарија и Албанија е и почитувањето на културните права на „бугарското малцинство“.

„Денеска е празничен ден, бидејќи денешните вредности на Бугарија и провинцијата Гора ги претставивме во Кукс. Тоа е посебен ден за културата која дава крилја за пријателство, љубов и меѓусебно почитување меѓу двете земји“, изјави градоначалникот Шеху.

„Овие три бугарски и албански денови ги одржуваме и промовираме заедно за европското културно наследство”, рече амбасадорката Пашкова.

Бугарија е сѐ поактивна во докажувањето дека во Албанија во областа Мала Преспа и Голо Брдо живеат етнички Бугари.

Лани во октомври албанскиот парламент го усвои Законот за заштита на малцинствата со кој освен Македонците, Власите, Грците, Египќаните, Србите, Бошњаците, Црногорците и Ромите, внесено е постоењето и на уште едно национално малцинство - бугарското.

Македонските друштва во Албанија реагираа на ваквата одлука на албанскиот парламент.

„Албанските власти се свесни дека грешат, но потклекнаа пред заканите на Бугарија за ставање вето за започнување на преговорите за членство со ЕУ. Во Албанија, според сите пописи на населението, немало бугарско малцинство. Баравме од пратениците да не се прифаќа, зашто тоа не е во интерес само на македонското малцинство, туку исто така е национален интерес на Албанија да не го прифаќа имагинарното бугарско малцинство, зашто утре последиците ќе бидат многу сериозни за Албанија. За сѐ нешто ќе биде уценувана од Бугарија. Но ете се случи и тоа што најмалку го очекувавме. Ова е геноциц врз Македонците и деформација на историјата и на вистината пред очите на Европа“, оцени лани Никола Ѓурѓај од друштвото Илинден.

Најгласен против текстот на законот беше пратеникот Вангел Дуле, од грчкото малцинство, кој смета дека законот не е во согласност со меѓународните конвенции.

„Се карактеризира со фобија и сеќавања на Студената војна. Мисијата на овој закон не е исполнета и со некои членови се враќаме назад“, рече Дуле.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе