Ѓурѓај: Албанскиот државен Комитет за малцинства ја корегира грешката, сега сме Македонци

Албанскиот државен комитет за малцинства ја корегира грешката на веб страницата во делот резервиран за влашкото малцинство, па македонското малцинство повеќе не е славомакедонско туку македонско.

Одлуката за исправка ја донесе комесарот за заштита од дискриминација, кој позитивно одговори на барањето на Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.

„Комесарот за заштита од дискриминација со одлука број 149, а по наше барање, по институционален пат побара од веб страницата на државниот Комитет за малцинства, во делот резервиран за влашкото малцинство, да се отстрани терминот Славомакедонци. Комитетот експресно реагираше на одлуката и сега стои Македонци, како што стои во отстапениот простор од сајтот за другите малцинства”, изјавил за МИА, претседателот на МД „Илинден“, Никола Ѓурѓај.

Според него, Друштвото, заедно со огранокот за Голо Брдо остро реагирале на преименувањето и во писмото до комесарот побарале да се ангажира тоа веднаш да се корегира.

„Во барањето наведовме дека во Република Албанија е признато македонското национално малцинство, со мајчин македонски јазик”, додава Ѓурѓај, според кого, ова е уште еден успех на Македонците во напорите да се елиминираат навредите на нивното достоинство и кршењето на нивните легитимни права. 

МИА

 

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе