Дијаспора

Форум за демократска Македонија: Го поздравуваме донесувањето на Законот за јазиците

Кaко заедница на иселеници од Македонија, го поздравуваме секој чекор што оди во насока на унапредување на правата на помалите етнички заедници во Република Македонија.Оттука, го поздравуваме и донесувањето на Законот за јазиците, како продолжение на макотрпниот процес на градење инклузивно општество, се вели во соопштението на Форумот за демократска Македонијa,

Форумот изразува загриженост околу политичката инструментализација на овој Закон од страна на целокупната политичка елита во државата. „Загрижува и недореченоста на делови од законот, кои оставаат широк простор за различни интерпретации, што е чест случај и со многу други закони на Република Македонија“.

На крајот, Форумот изразува длабока разочараност од нивото на јавниот дискурс околу Законот за јазиците. Со жалење забележуваме дека конструктивните дискусии за содржината и легалитетот на Законот сè повеќе паѓаат во сенка на ксенофобичниот дискурс. Форумот најостро се спротивставува на ваквата ксенофобична реторика и апелира за нужноста од забрзано спроведување на реформските приоритети на Република Македонија.

Во мај минатата година беше основан Форумот за демократска Македонија на  „демократски ориентираната иселеничка заедница, глас што можеби досега се слушаше само од поединци или од помали групи. Ние сме модерни „печалбари”, „дијаспора”, „емигранти”, „иселеници”. За нас светот е глобално село, а Македонија, како мал дел од него, заслужува да има подеднакво среќни луѓе“, објави тогаш Форумот.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе