Торонто

Европската слободна алијанса се приклучи на повикот на ММДЧП за прекинување на антиимакедонските преговори за името

Македонското меѓународно движење за човекови права соопштува дека Европската слободна алијанса се приклучи на повикот да се стави крај на антимакедонските преговори за името и повика на поддршка за Македонија за остварување на најосновното право за самоопределување.

Европската слободна алијанса (ЕФА) е асоцијација на малцинските партии од целиот европски континент и е претставена во Европскиот парламент.

„ЕФА е единствената европска политичка партија која го брани правото на самоопределување, право засновано на меѓународното право. Правото да одлучувате за сопствената иднина истовремено значи и право да ја дефинирате и да ја именувате вашата земја. ЕФА ги поддржува демократските аспирации на Македонија како нација и како држава да си го избере своето име“, вели во изјавата Гинтер Даувен, директор на ЕФА.

ММДЧП од Торонто упатува повик до другите политички партии, до организациите за човекови права, до институциите како што се ОН, ЕУ и НАТО, како и индивидуалните држави да ги исполнат своите обврски според меѓународните конвенции за човекови права и да ги поддржат основните принципи на Македонија во остварувањето на човековото право на самоопределување.

„Од 1913 година, етничките Македонци биле предмет на етничко чистење од страна на грчката држава, одземање на нивната земја и државјанства, како и забрана на употреба на нивниот јазик во јавна и приватна комуникација. И покрај препораките на различни тела за човекови права, грчката влада сѐ уште одбива да ги признае македонскиот јазик и идентитет... ЕФА би сакала да ги потсети грчките државни и преговарачки медијатори дека самоопределувањето е меѓународно засновано право и дека тоа истовремено подразбира и право на избор на име на својата земја. Генерално, положбата на Македонците во Грција е неприфатлива и претставува кршење на меѓународното право“, се вели во соопштението на ЕФА.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе