ВЛАДА НА РМ

Едмонд Адеми: До декември нова стратегија за дијаспората

Адеми рече дека целта е да се изработи документ којшто ќе биде остварлив и којшто ќе може реално да се спроведе во периодот од 2018 до 2023 година.

„Изготвувањето на националната стратегија за соработка со дијаспората ќе овозможи воспоставување на потесна соработка меѓу институциите на државата и дијаспората што е од особено значење и интерес за двете страни. Имаме за цел да поттикнеме и взаемна соработка меѓу самата дијаспора која живее и работи надвор од границите на Република Македонија“, нагласи министерот Адеми

Како причини за изработката на еден ваков документ, Адеми ги посочи системското утврдување на приоритетите на дијаспората, обезбедувањето на механизам за соработка, утврдувањето на правата и обврските од политички аспект на дијаспората, продлабочувањето на културата соработка и воспоставувањето на бизнис соработка со дијаспората.

Вчера, Владата на седница ја усвои информацијата за потребата од изготвување на националната стратегија по што треба да се формираат работни групи со претставници од министерствата за внатрешни работи, надворешни работи, здравство и образование, како и Агенцијата за иселеништво.

„Процесот на создавање на оваа национална стратегија ќе биде инклузивен во којшто ќе биде вклучени и јавноста преку граѓанските организации, организациите од дијаспората и индивидуалци кои живеат и работат надвор од државата, а кои ќе можат да придонесат во правец на создавање на стратегија која ќе биде сеопфатна и инклузивна“, рече министерот Адеми.

Според него, дијаспората може да биде значаен катализатор за екеономскиот раст и важен сегмент за развојот на Македонија.

МИА

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе