Државна изборна комисија

Доставени 2.060 пријави за гласање во дијаспората, најмногу во Љубљана

Вкупно 2.060 пријави од граѓани за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство заклучно со денеска до 12 часот, доставени се до Државната изборна комисија преку веб апликацијата www.dijaspora.sec.mk.

Како што соопшти ДИК, од пријавите, 2019 се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави се доставени за гласање во Љубљана - 172, во Лондон - 114, во Торонто - 111, Канбера 88 итн. Најмал број пријави поднесени се за гласање во Киев и Приштина - по една пријава,  и Њу Делхи, Каиро и Доха - по две пријави.

Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање.

Во однос на податоците од јавниот увид во Избирачкиот список, заклучно со вчерашниот ден вкупно 4.466 граѓани извршиле увид во податоците во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. 

Најголем број граѓани увид извршиле во Битола - 428, Струмица - 420, Карпош -375, Радовиш - 240 и во Охрид - 235.

Јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае заклучно со четврток, 23 август, до кога можат и да се поднесуваат барања за запишување, промена или бришење на податоци во Избирачкиот список, наведуваат од Државна изборна комисија.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе