До денеска се пријавиле 1.725 граѓани од дијаспората за референдумот

До денеска до 12 часот, преку веб- апликацијата www.dijaspora.sec.mk до Државната изборна комисија се доставени вкупно 1.725 пријави од граѓани за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Како што соопшти ДИК, од нив 1.612 пријави се прифатени, 27 се одбиени, а останатите се во обработка. Најголем број пријави има за гласање во Берн - 170, во Љубљана - 137, во Лондон - 103, во Торонто - 98 и Канбера 71, додека најмал број пријави се поднесени за гласање во Киев, Подгорица и Приштина - по една пријава, и Њу Делхи, Каиро и Доха - по две пријави.

Гласањето во странство ќе се спроведе на 29 септември во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во кои се прифатени најмалку 10 пријави за гласање, посочуваат од Комисијата.

Паралалено со пријавувањето на иселениците за гласање на рфеферендумот до 23 на полноќ тече и рокот за јавен увид во Избирачкиот список. До вчера увид во ИС во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК извршиле вкупно 3.996 граѓани.

Најголем број граѓани увид извршиле во Битола - 411, во Струмица - 364, Карпош -300, Радовиш - 217 и во Охрид и Прилеп по 199.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе