Македонското друштво „Илинден“ во Тирана

Бугарија да престане Македонците во Албанија да ги именува како Бугари

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот во Голо Брдо, ја осудуваат бугарската политика кон Македонците во Албанија, во обидите за нивна асимилација, давајќи им бугарски државјанства.

„И покрај законот за националните малцинства во кој Тирана го впиша непостоечкото бугарско малцинство во Албанија, под закана на Софија со вето врз преговорите на Албанија за членство во ЕУ, Македонците во Албанија упатуваат сериозно предупредување до Софија, дека во Албанија нема Бугари освен во бугарската амбасада во Тирана. Македонците во Албанија не се Бугари“, стои во соопштението кое го пренесува електронското издание на весникот „Илинден“.

Во него се осудува посетата на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во горанското село Шиштевец на општина Кукс во северо-источна Албанија каде живеат само Македонци.

Македонското друштво „Илнден“и огранокот во Голо Брдо ја потсетуваат бугарската потпретседателка Јотова дека Македонците во цела Албанија говорат македонски јазик и оти македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот.

„Ја повикуваме Владата во Тирана да се откаже од отворање училишта на бугарски јазик за Македонците во областа Гора, како што вети Јотова, бидејќи тоа претставува геноцид врз Македонците во Албанија и врз македонскиот народ во целина. Ја повикуваме Владата во Македонија да демонстрира силна грижа за унапредувањето на положбата и правата на Македонците во Албанија, и да не дозволи отварање на бугарски училишта за Македонците во Албанија“, се додава во соопштението.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе