Австралиската Лабуристичка партија бара Австралија да ја признае Македонија под уставното име

Австралиската Лабуристичка партија во западна Австралија донесе заклучок со кој бара од Австралија да ја признае Македонија под името Република Македонија, а не под референцата ФИРОМ. Според Лабуристичката партија ова треба да биде дел од  платформата на партијата во наредните три години.

На конференцијата на која партијата го усвои заклучокот беше забележано и дека  Македонците досега направиле многу за западна Австралија и нејзиниот развој.

Овој предлог беше покренат од Џесика Стојковски која е член на западно-австралискиот Парламент.

Македонскиот почесен конзул во Западна Австралија Зоран Ќосески ја поздрави оваа Резолуција и рече дека таа е вистински чекор кој води до социјална правда.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе