Албанската дијаспора во САД ја поддржува албанската платформа

Албанско-американската заедница од Илионис, со седиште во Чикаго ја поддржа албанската платформа и ги поздрави напорите на Албанија и Косово за решавање на прашањата на Албанците во Македонија.

„Претседателството на заедницата одлучи едногласно да ја поддржи заедничката изјава на албанските партии во Македонија, позната како Албанска платформа. Го поздравуваме обединувањето на албанскиот политички фактор во Македонија како и уставната посветеност на двете албански држави на Балканот кои во овој вистински и деликатен момент дадоа значителен и историски придонес во решавањето на албанското прашање во Македонија“, пишува во соопштението.

Од Албанско-американската заедница додаваат дека не само што ја поддржуваат, туку и инсистираат на целосно спроведување на точките од платформата.

„Се надеваме дека платформата ќе го обедини албанскиот фактор кон целосно имплементирање и спречување на натамошно дефакторизирање на Албанците и на нивната земја во Македонија“, стои во соопштението.

Оттаму велат дека веќе долго време имаат одлични односи со американската администрација, политички и финансиски ја поддржувале војната на Косово и онаа од 2001 година во Македонија. Затоа, се обврзуваат дека заедницата во САД ќе ги активира своите механизми преку кои ќе обезбеди поддршка за барањата на Албанците во Македонија.

„Ние ќе продолжиме внимателно да го следиме развојот на настаните во Македонија и во регионот и врз основа на околностите ќе ги носиме идните одлуки. Ги покануваме нашите членови да останат смирени, и да не потпаѓаат на ниските провокации и да останат будни“, стои во соопштението.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе