Во Њујорк

Адеми со претставници на ФДМ: како до поедноставно добивање лични документи за дијаспората

Актуелните политички процеси во државата и неодамнешната позитивна препорака за започнување на преговори со Европската Унија биле теми на средбата на претставници на Форумот за демократска Македонија со министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, што се одржа во просториите на македонската мисија при Обединетите Нации во Њујорк.

„Форумот за демократска Македонија ја поздравува позитивната препорака и смета дека Македонија, како земја-кандидат, направила позитивни чекори во изминатава година, но и дека треба засилено да продолжи да работи на натамошни демократски и општествени промени за целосно да се интегрира во евро-атланските организации. Успешноста на овие промени, пред се, ќе се демонстрира со тоа колку граѓаните на Република Македонија реално ќе почувствуваат дека живеат подобро“, истакнале од ФДМ.

Министерот Адеми во разговорите инфомирал за напредокот во изготвувањето на Националната стартегија за дијаспора каде ФДМ активно учествува во работната група.

Од страна на ФДМ го поздравиле инклузивниот процес на сеопфатно вклучување на сите релевантини чинители во дефинирањето и создавањето на стратегијата. Се разговарало и за одредени сегменти од Националната стратегија за дијаспора, кои на практичен начин би го олесниле животот на македонската дијаспора преку поедноставено добивање на лични документи, се наведува во соопштението на ФДМ.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе