Во Гетеборг

Адеми-Малм: Дијаспората е мост за поврзување меѓу Македонија и Шведска

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денес во Гетеборг се сретна со претседателката на Совет на Гетеборг, Лена Малм и ја запознал со неговите активности во изминативе десетина месеци, при што ја истакнал посветеноста во институционалното поврзување на дијаспората со државата, соопшти неговиот кабинет.

„Адеми истакна дека дијаспората има значаен удел во економските активности во државата и од тие причини, Владата на Република Македонија работи на Национална стратегија за соработка со дијаспората, која покрај економската соработка, ја акцентира потребата и од политичка, културна и образовна соработка“, се вели во соопштението.

Малм, пак, кажала дека граѓаните по потекло од Република Македонија кои живеат и работат во Гетеборг се важен дел од шведското општество, истакнувајќи ја нивната интегрираност во сите процеси во Шведска.

На крајот од средба, се констатирало дека дијаспората претставува мост за поврзување меѓу двете пријателски држави, и дека истата има важна улога во развојот на односите и соработката во повеќе области од взаемен интерес.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе