ОМД

11 конгресмени му пишаа на Столтенберг: Поканете ја Македонија да стане членка на НАТО

Обединета Македонија Дијаспора (ОМД) ја информира јавноста дека 11 конгресмени, предводени од конгресменот Џим Бенкс од Индијана испратија писмо до генералниот Секретар на НАТО Јан Столтенберг со барање покана за полноправно членство на Македонија во НАТО – клучно за американските интереси во Балканот како и за Алијансата. Конгресмените се членови на Конгресната група за Македонија основана во 2011 година во соработка со ОМД.

Писмото го пренесуваме во целост:

„Почитуван Јан Столтенберг, генерален Секретар на НАТО

Од основањето на дипломатските односи во 1995, Соединетите Американски Држави ја поддржуваат Македонија во нејзината аспирација за полноправна интеграција во евро-атлантските институции, при што остануваат верен партнер што ја помага Македонија во јакнење на нејзините демократски капацитети. За една мултикултурна нација каква што е Македонија, веруваме дека оваа земја пред себе има светла иднина. Ние веруваме дека е време за Македонија да се приклучи кон членството на НАТО.

Ние во Конгресот внимателно ја следевме политичката и дипломатска состојба на Македонија. Како што Македонија се движи на патот кон постабилна иднина, така ние гледаме огромна можност за понатамошна промоција на нашите взаемни односи, клучни за Балканот. Затоа, ние особено сме охрабрени од надежта на прогресот низ разговорите под покровителство на ОН, како и од подготвеноста на македонските и грчките лидери да ги унапредат своите односи.

САД демонстрираа голема вредност во своите односи со Македонија. Со клучниот институционален напредок во своите способности и капацитети, Македонија ја зголемува својата подготвеност да стане полноправна членка на НАТО. Воедно, Македонија покажа подготвеност и преку своето учество во НАТО операциите во Косово и Авганистан, како и со тоа што застана на наша страна во случајот со Ирак. Како што НАТО прогресира во растечка и комплексна средина конкурентна на Русија, така и потребата Македонија да биде примена во нашата клучна алијанса е несомнена.

Со ова на ум, ние силно ве охрабруваме да ја поканите Македонија за членство во Алијансата. Таквиот одлучувачки чекор, не само што е од интерес за Алијансата, туку е и од интерес на нашата перспектива против руската агресија.

Искрено,

11 конгресмени пријатели на Македонија“.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе