ЈАВНА РАСПРАВА

Детските бракови се општествен феномен кој штетно влијае на животот на младите

Здружението РОМА С.О.С. и канцелариите на УНИЦЕФ, УНФПА и НДИ, во Клубот на пратеници одржаа јавна расправа со цел да се одговори на пршањето како до поголема правна и институционална заштита од појавата „детски брак“?На расправата покрај организаторите, говореа и министерот без ресор Самка Ибраимоски, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заменик министерот за правда Оливер Ристовски и Државниот секретар во Министерството за образовние и наука Анета Трпеска.

 

„Детските бракови се општествен феномен кој штетно влијае на животите на младите индивидуи. Притоа, децата кои сметаат дека љубовта е водечка сила во креирање на нивната иднина, нивните родители кои не знаат како да се справат со ваквото однесување, надлежните институции кои се ограничени во постапките, неинформирани навремено за случаите и несигурни како и до кого да пријават, создаваат  круг на повреди на правата,  дефинирани и во меѓународна и во национална законска регулатива. Oдговорноста за оваа појава е заедничка и сите сме должни да се насочиме кон намалување на нејзиниот број, кој сериозно се рефлектира кај девојчињата, но често се забележува и помеѓу момчињата. За проблемот се иницираше дискусија од ромските здруженија и со ромските заедници од причина што таму е најзастапен, но не и дека случаите, последиците или пречките единствено меѓу нив се забележуваат. Битно е да се создадат предуслови за нормално и хумано живеење за сите без разлика на припадноста, поради што и сме согласни да се превземат потребните државни заложби  и институционално да се регулира појавата, а со тоа да се обезбеди поголема заштита на детскиот интерес и просперитет“, заклучија говорниците на дискусијата.

За таа цел подготвените предлог-закони за измени и дополнувања на Законот за семејство, Законот за средно образование и Кривичниот законик, беа разгледани и врз основа на истакнатите коментари и сугестии ќе бидат финализирани, а потоа и формално превземени од министерствата за нивно понатамошно процесирање пред Собранието.

Присутни гости беа преставници од Министерството за здравство, Министерство за внатрешни работи, Државен просветен инспекторат, Државен совет за превенција на детско престапништво, Канцеларија на Народен правобранител, пратеници во Собранието на РМ, правни/судски практичари, преставници на национални и локални институции како и невладини организации.

 

 

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе